Производи
Градежна столарија
Внатрешни скали
Настрешници и перголи
Буларт Констракшн изработува настрешници и декоративни перголи во сите димензии и облици, во зависност од Вашите потреби. Настрешници за автомобили, настрешници за ресторани и кафулиња, настрешници над влезни партии, настрешници над тераси, се само дел од палетата на настрешници кои ги изработуваме.
Перголите се еден од најубавите естетски надополнувања на домашните базени. Покриени со лесни платна или транслуцентни материјали, обезбедуваат полусенка и благопријатен амбиент во кој може да уживате дури и при нај јакото сонце. Оваа пергола е со површина од околу 30тина метри квадратни, со масивни дрвени столпци подигнати на цоклиња, кои во исто време наткриваат и пристапни скали, со што се оформува раскошна целина околу базенот.
Градежна опрема
Буларт Констракшн нуди разновидни решенија за опремување на Вашите дворови. Од палетата на градинарска опрема може да одберете:
- Летниковци
- Палуби
- Градинарски мебел
- Детски игралишта
- Шупи за алат
- Куќарки за домашни миленици
Овие производи се изработуваат во најразлични количини и димензии, во зависност од желбите на инвеститорот.
Летниковците од дрво се вистински избор за оплеменување на дворот. Тие се едноставни и брзи за изведба, а за разлика од летниковците изработени од челик, се многу потопли и естетски поприфатливи за уредување на дворот.