Bulart Construction
НИЕ ЈА ГРАДИМЕ ВАШАТА ИДНИНА

Буларт Констракшн е градежна фирма која се занимава со изведување на завршни работи во градежништвото, обработка на дрво, изработка на монтажни куќи и сите видови на бондручни градби, по прицнип “клуч на рака“.
Лоциран во с. Смилковци, производниот погон се протега на површина од 1000м2, опремен со низа машини кои служат за груба и фина обработка на дрво, како и за произведување на полу-префабрикувани и целосно фабрикувани елементи за изведба на нарачаните објекти.
Во рамките на производниот погон се наоѓа и административно-проектантскиот дел, кој служи за примање на странки, разработка на проекти и тековно следење на производниот процес.
Нашата фирма од почетокот на своето постоење е посветена на квалитетна изработка и целосно пресретнување на Вашите потреби. Главната заложба на нашата фирма е промовирање на дрвото како природен, евтин и обновлив градежен материјал, кој воедно е нераскинлив дел од македонската градителска традиција. Преку постојаната заложба за градење на еколошки и енергетски ефикасни објекти, Буларт Констракшн има за цел да придонесе кон поквалитетен живот на самите корисници а воедно да придонесе кон зачувување на природата, обезбедувајќи поубава иднина за сите.
Буларт Констракшн нуди квалитетна и брза изработка на сите завршни работи во градежништвото. Молерски услуги, електрика, водовод, изведување на санитарни чворови и други занаетчиски услуги достапни за потребите на Вашиот дом или Вашиот деловен простор.
Буларт констракшн изработува идејни решенија за сите видови објекти од 4 и 5та категорија, како и ентериерни решенија за веќе изведени објекти. Решенијата се презентираат низ технички цртежи и соодветни просторни визуелизации.